На предвремените парламентарни избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 24,2 проценти од граѓаните, додека пак за СДСМ 17,4 проценти, покажала анкетата на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС).
Од албанските партии, ДУИ би добиле поддршка од 6,9 проценти, додека ДПА од 3,9 отсто.

Од претседателските кандидати пак, актуелниот претседател Ѓорге Иванов би добил поддршка од 29,3 проценти, додека за кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски би гласале 19,4 отсто од граѓаните.

Од политичарите, граѓаните најмногу доверба во моментов имаат во премиерот Никола Груевски, односно 24,3 проценти, а по него следи лидерот на СДСМ, Зоран Заев со 8,3 проценти. Лидерот на ДУИ Али Ахмети е на третото место, со поддршка од 7,1 процент, покажала анкетата на ИПИС.

Истражувањето на ИПИС било спроведено во периодот помеѓу 4 и 7 март 2014 година, на 1113 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

OhridNews
извор:„Макфакс“