Високите температури ја најавуваат сезоната на одмори. Но, се чини дека голем дел од граѓаните слободните денови од работа планираат да ги минат дома. Според истражувањето што го направи Охридњуз, половина од населението не планира годишен одмор во некоја туристичка дестинација надвор од земјата.
Анкетата што за сопствени потреби ја спроведе Охридњуз во мај и јуни, покажува дека 48 отсто од граѓаните планираат годишен одмор надвор од државата, додека 52 проценти не планираат таков одмор. Во анкетата се вклучени 1815 читатели.
А, што се однесува до одморите, како и трошоците за живот, и оваа ставка значително е повисока во споредба со минатата година, што дополнително го оптоварува семејниот буџет и влијае на одлуката како и дали на одмор. Сепак, постојат понуди за сечиј џеб, а на крајот од краиштата Охрид секогаш е одличен избор за одмор.
Г.М.
Следна анкета:
Дали треба да се регулира/ограничи бројот на пловни објекти на Охридското Езеро?