Охрид зачекори во 2026-та година со доза оптимизам за подобро утре. На неодамна одржаните локални избори граѓаните слушнаа многу ветувања за подобро утре, но голем дел од нив се скептични дали и што од тоа ќе се оствари.

Едно е сигурно, охриѓани сакаат почист, поуреден и позелен град, со изградена катна гаража, подобра сообраќајна инфраструктура и култура, туристичка дестинација со квалитетна понуда со светски настани и стандарди и, конечно автопатски поврзан. Ова го покажува анкетата што ја спроведе Охридњуз во која мнозинството граѓани посакуваат да се оствари се од наведеното. Но, голем дел од нив – 34 отсто, се скептици дека тоа целосно и ќе се оствари. Во анкетата учествуваа 1044 читатели.

Годината штотуку започна, што значи дека време за подобрување на состојбите и реализација на очекувањата и потребите на граѓаните има, се надеваме и волја и капацитет тоа да се оствари. Дали и колку? Ќе резимираме на крајот од годината.
Г.М.
Следно анкетно прашање: Дали ги поддржувате предложените измени во Законот за заштита од пушење?











