Најавата за измени на законот за заштита од пушењето на цигари, повторно ги подели граѓаните. Голем дел од нив во анкетата што ја спроведе OhridNews изминатиот период, се против тоа да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти
Од собраниското мнозинство неодамна појаснија дека нема било каков нов предлог што е во владина процедура, ниту пак било какви работни групи изготвиле некаков нацрт текст за законот за заштита од пушење цигари.
-Во овој момент во собраниска процедура е предлогот на 7 пратеници за измени во законот, што се однесуваат само на терасите надвор од угостителските објекти, онаму каде што и сега пушењето е дозволено – да може да се пуши без оглед на моменталните метеоролошки услови… на комисијата за здравство во јули едногласно беше донесена одлука да се организира јавна расправа за овој предлог закон, што ќе се реализира по завршување на локалните избори, односно со продолжување на работата на Собранието. – објасни неодамна пратеникот од Охрид Томислав Тунтев.
Тунтев појасни дека како еден од предлагачите на законот, тој предложил јавна расправа во Собранието и дека исто така, целосно ја поддржува јавната дебата околу регулацијата на пушењето. Смета дека при евентуално ново законско регулирање на ова прашање треба да се слушне мислењето на сите засегнати страни, затоа што станува збор за исклучително важно прашање кое ги засега сите чинители во Македонија, почнувајќи од граѓаните на земјава – и непушачите и пушачите – до потрошувачите, угостителите, хотелиерите, трговците, индустријалците, тутнопроизводителите и други.
OhridNews
Нова АНКЕТА: Дали е потребно формирање специјална служба – полиција за борба против загадувачите на животната средина?












