
Резултатите од телефонската анкетата спроведена во периодот од од 5-8 февруари 2013 од Институтот за Истражување на Политики и Добро Владеење, покажуваат дека 68,6% од анкетираните го одобруваат овој потег, 15,9% се против, додека15,5% се без оценка, пренесува „Макфакс“.
Запрашани дали и други пратеници или министри доколку се кандидираат за градоначалници треба да дадат оставки, 70,8% од анкетираните сметаат дека треба да поднесат оставки, додека 15% дека треба да ги задржат функциите.
Во анкетата беа опфатени вкупно 1060 испитаници од кои 64% се изјасниле како Македонци 25,3 % Албанци 2.9% Турци, 2,1 % Роми, Срби 2% и 3,3% останати .
извор:„Макфакс“












