Анонимуси се заканија дека ќе го урнат интернет на 31 март
28.03.12 07:00
Хакерската група Анонимус планира на 31 март да ја изведе операцијата „Blackout“, односно исклучување на целиот интернет, пренесува „Макфакс“.
Анонимуси дури и се изјаснија како точно планираат да го спроведат својот план во дело. Имено, планираат да ги оневозможат ДНС(Domain Name Server) што би требало да го блокира целиот интернет.
ДНС служи за давање на информации за тоа на која ИП адреса се наоѓа некоја веб страница, претварајќи ги буквите во ИП адреса и обратно.
За оваа закана се изјасни и британскиот вонреден професор од Универзитетот Сури во Велика Британија, Алан Вудвард, инаку експерт за сајбер безбедност. Тој за Би-Би-Си направи анализа на нападот на Анонимуси.
ДНС е структуиран како пирамида со 13 сервери на највисокото ниво кои комуницираат со пониски нивоа, сè до дното. Доколку дојде до промена на врвот, тоа ќе се одрази на сите нивоа, односно на целиот интернет. Доколку Анонимуси успеат да ги онеспособат тие 13 сервери, ќе го блокираат целиот интернет.
Вудвард вели дека Анонимуси ќе изведат редица ДДОС(Distributed denial of service) напади. Тој тип на напади се темелат на преплавување на веб серверите со барања што нема да стигнат да ги обработат и затоа доаѓа до блокада.
Оваа техника хакерите ја искористиле и за блокирање на страниците на Интерпол во февруари оваа година, а веб експертите велат дека доколку серверот во доволна мерка се преплави со барања за сообраќај може да падне секоја страница.
Минатата 2025 беше плодна за НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид Реализирани беа над 30 проекти како дел од Годишната програма за работа финансирана од страна на Министерството за култура и тур...
Во пресрет на еден од најголемите христијански празници Богојавление – Водици денес екипи на јавните претпријатија работеа на терен за целосно чистење на пристаништето Спустот во езерските во...
Во текот на втората недела од 2026 година (0501-11012026), во Македонија се пријавени 2322 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 34,6% повеќе во споредба со претхо...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.