По завршувањето на сезоната ќе му истече договорот на Златан Ибрахимовиќ со „светците“. Тој ќе биде слободен играч и сам ќе одлучува за својата иднина, а Тиери Анри ги отрки неговите планови.


– Кој Арсенал може да го доведе во летниот преоден рок ? Имам информација дека Ибрахимовиќ е заинтересиран да дојде во Арсенал. Се ќе зависи дали сака да го напушти клубот и дали Арсенал ќе се пласира во Лигата на Шампиони. – рече Анри.

Легендатата на „топчиите“ смета дека шведскиот репрезентативец ќе биде одлично засилување за нападот и екипата.

– Мислам дека Жиру имаше доста добри мечеви оваа сезона, но во еден момент му падна формата. Тој експресно се врати против Хул постигнувајќи три погодоци и се надевам дека ќе продолжи во ист ритам. Сепак, во екипата да имате фудбалер од калибарот на Ибрахимовиќ може само да биде позитивно, а не негативно. – додаде Анри.

Французинот разоткри еден трансфер таргет на Арсенал, а тоа е фудбалерот на Лестер, Н`голо Канте.

OhridNews