„Црвените ѓаволи“ си ја загрозија четвртата позиција на табелата во Премиер лигата претрпувајќи минимален пораз од ВБА на Олд Трафорд во 35-та рунда.


Остри критики до менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал за тактиката и и поставеноста на играчите упати Тиери Анри, кој е стручен аналитичар на Скај спорт.

– Со одлуката Вејн Руни и Робин ван Перси да дејствуваат на средината од теренот Ван Гал им ја поклона победата на гостите од Бирмингем. Јас кога би играл сега и да видам овие двајца играчи на средината од теренот би се радувал и славел пред да почне натпреварот. На моменти мислев дека тоа менаџерот ќе го промени и дека Ван Перси ќе го врати напред, а можеби и Руни напред, момци кои можат да постигнат гол во клучен момент, но тој ги остави како играчи за врска. – рече Анри.


Ѓаволите имаат четири бодови предност од петто пласираниот Ливерпул на три натпревари од крајот на Премиер лигата.

Мх.П.