Играњето со рака и асистенцијата за Вилијам Галас во бараж мечот меѓу Франција и Ирска по кој „триколорите“ обезбедија пласман на Мундијалот 2010 година е единствена црна дамка во брилијатната кариера на Тиери Анри.
– Зборував со луѓе со кои доста време поминував на теренот и веднаш им кажав дека беше рака. И со фудбалерите од Арсенал комуницирав тогаш и нив им го кажав истото, а тие ми одговорија дека не го окривуваат. Ноќта после натпреварот зборував со медиумите, а можев да не го направам тоа. Само бев искрен и се работеше за рефлекс, а не за нешто намерно. – рече Анри.
Францускиот ас спореди една ситуација поврзана со Лионел Меси. Аргентинецот 2007 година на градското дерби со Еспањол постигна погодок со рака, но тој тогаш не беше распнат како Анри во 2010 година.
– Кога Меси постигна погодок со рака на дуелот со Еспањол сите пишуваа дека е гениј и оди по стапките на Марадона. А кога јас го направив истото ме третираа како убиец. – додаде Анри.
„Триколорите“ немаа значителен настап на Светското првенство во Јужна Африка, а собирачите на сликички на албумот Панини однопаку го лепеа Анри во знак на револт.
Ohridnews