Француската фудбалска легенда Тиери Анри во 2007 година по девет минати сезони во Арсенал го напушти лондонскиот клуб и потпиша три годишен со Барселона.
– Никогаш не помислив да го напуштам Арсенал. Тогаш имав 29 години и бев во многу јака форма, но стравував поради Арсен Венгер дека ќе го напушти тимот. Не беше лесна одлуката и плачев кога заминував од клубот каде имав незаборавни мигови – рече Анри.
На Ноу Камп корпулетниот напаѓач освои една титула во Лигата на шампиони, две во Ла Лига и по една во Супер купот на Европа и Светското клупско првенство.
– Кога пристигнав во екипата тренерот Пеп Гвардиола убаво ме пречека и ми кажа дека треба да се борам за место во првата постава. Јас го прифатив тоа без размислување. Луѓето зборуваат за среќа, но секогаш храбрите ги прати среќата па така беше и во мојот случај – додаде Анри.
После истекување на договорот со Барселона поранешниот репрезентативец на „триколорите“ продолжи во тимот на Њујорк Ред Бул во америчката МЛС лига.
Мх.П.