Францускиот интернационалец Тиери Анри го одигра последниот натпревар за Њујорк Ред Бул во МЛС лигата и најверојатно ќе објави крај на својата играчка кариера.
Но, тој ќе нема многу време за одмор бидејќи менаџерот на Арсенак, Арсен Венгер веднаш испрати понуда за Анри да биде дел од неговиот стручен штаб.
Врвот во богатата кариера Анри го достигна во дресот на „топчиите“ каде мина неверојатни осум години.
Поранешниот француски репрезентативеце покрај Арсенал боите на дресот ги бранеше во Монако, Јувентус и Барселона.
Мх.П.