Љубителите на фолклорот, народните песни и ора, вечерва на летната сцена на ,,Долни сарај”, во рамки на третата вечер од Балканскиот фестивал за народни песни и игри ќе имаат можност да ги проследат настапите на ансамблот ,,Измир’’ од Турција и ансамблот ,,Дримкол’’ од Вевчани.
Утре на 9-ти јули, свој натап на фестивалот ќе имаат ансамблите ,,Варна’’ од Бугарија и ,,Ваграм ‘’од Австрија,а на 10-ти јули, публиката ќе може да ги проследи настапите на ансамблите ,,Подегродзие’’ од Полска и ,,Џидо’’ до Србија.
Честа да го затвори фестивалот ќе ја има ансамблот ,,Кочо Рацин” од Кичево, а во рамки на завршниот концерт, свои настапи ќе имаат и гостите од Полска, Австрија и Србија.
Влезот за сите фестивалски вечери е слободен.











