Охридската народна песна уште еднаш беше успешно претставена од страна на ансамблот „Билјана Јуниор“ кои заедно со познатиот изведувач Петар Нечоски заедно настапија на овогодинешното издание на фестивалот„ Охрид фест-  Охридски трубадури“.


–    Нашата песна беше наградена со голем аплауз од страна на публиката што е доказ за нејзината вредност, велат од ансамблот.

Песната кои тие ја изведoa, според одлуката на  14 членото жири на фестивалот го освои третото место и специјална награда за најтрубадурска песна, а песната „Земја скапоцена“ изведена на минатогодишниот фестивал од страна на Петар Нечоски се закити со наградата најслушана песна меѓу двата фестивали.

OhridNews