Охридскиот ансамбл за народни ора и песни “Македонка”, утре со почеток во 19 часот, ќе одржи концерт во Центарот за култура “Глигор Прличев” во Охрид. Ова е традиционален годишен концерт, кој годинава се одржува по повод престојните Велигденски празници и 150 годинишнината  од објавувањето на прличевата поема “Сердарот”.


Ансамблот “Македонка” од Охрид е основан во 2006 година.  Во него членуваат повеќе од 250 членови од Охрид и околните села, а се состои од група за народни ора, детска група за народни ора, народни пејачи и оркестар. За краток период сите групи имаат постигнато  голем успех и имаат добиено многу признанија.

OhridNews