Екипата на Мидлзброу со минимален триумф над Хул (1-0) на домашен терен го комплетираше 14-то коло во најсилната англиска Премиер лига.


Најмногу на победата од Мидлзброу на Риверсајд покрај домашните навивачи ќе се радуваат и искрените љубители на фудбалот, бидејќу Хул како ретко која екипа во Англија играше антифудбал.

Во целиот меч „тигрите“ упатија три удари, а само еден од нив ја погоди рамката на голот. Домаќините имаа голем посед на топката и неколку прилики, но само еднаш ја погодија мрежата. Човек на одлука беше Гастон Рамирез кој во 60-та минута со глава ја смести топката во мрежата.


Мидлзбору со трите бодови се искачи три места и сега се наоѓа на 15-та позиција со 15 бодови, додека Хул останува на дното од табелата со 11 поени.

OhridNews