Македонецо во дресот на Олимпијакос, Перо Антиќ брилираше во убедливата победа на “црвено белите“ над ПАОК со 90-60. За 22 минути поминати на теренот Антиќ постигна 17 поени и седум скока. Најефикасен на мечот беше Принтезис со 19 кошеви.

Олимпијакос со триумфот над ПАОК повторно изби на чело на табелата со скор од 12 победи и еден пораз, втор е Панатинаикос со 11 победи и еден пораз.

Мх.П.