Македонските интернационалци, Перо Антиќ и Лестер Бо Меккелјб имаа успешен настап во Евролигата. Олимпијакос со минимални 67-65 триумфираше на гостувањето во Турција кај Анадолу Ефес додека Монтепаски Сиена со убедливи 84-69 ја совлада Уникаха.

Капитенот на македонската репрезентација, Антиќ на паркетот помина нешто помалце од 20 минути, постигнувајќи четири поени, дополнето со пет скока и три асистенции. Првата “виолина“ на италијаните, Меккелејб за 24 минути на теренот уфрли 18 кошеви.

Видео од натпреварот Анадолу Ефес – Олимпијакос.

Видео од натпреварот Монтепаски Сиена – Уникаха.

Со триумфот над Ефес, “црвено белите“ се наоѓаат на втората позиција, а Монтепаски благодарение на натурилизираниот македонец Бо веќе обезбедија пласман во ТОП 16.

Мх.П.