Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ се појави меѓу првите во кампот во Охрид. Корпулентниот центар, истакна дека атмосферата во кампот е на одлично ниво и благодарение на италијанецот Сандро и стручниот штаб полека се враќаат во посакуваниот ритам.


–    Се приклучив во Охрид на подготовките, но ќе отсуствам од турнирот во Бормио Италија,  поради приватни обврски кои морам да ги решавам во тој период. По тој турнир ќе се вратам во националниот состав. Во Охрид атмосферата е најдобро можно ниво и полека полека се враќаме во натпреварувачките ритам. Очекувам дека за месец дена колку што ќе се подготвуваме да бидеме во најдобра можна подготовка, не сакам ништо да прогнозирам бидејќи минатиот пат не погодив ништо, се надевам сите дека ке бидат здрави и живи, и подготовките ќе минат во најдобар ред – рече Антиќ.


Капитенот Перо Антиќ кој најави дека ќе го пропушти турнирот во Италија поради приватни обврски, не сака ништо да прогнозира, но посакува да ја порази грчката репрезентација, која на минатото ЕП не порази со 86-54.

–    Секој пораз боли од професионален аспект, но не гледам на тоа од политички аспект, дел од кошаркарите во грчката селекција се мои добри пријатели, секако дека сакам да ги победам, и се надевам дека ќе успееме во тоа. На овој европски шампионат се ослабени, играат со изменет состав и се надевам дека може да изненадиме – вели Антиќ.

“Фото Емилио“
М.П.