Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ, го разви македонското во соблекувалната по завршувањето на мечот.

Но за разлика од Антиќ, кога Горан Пандев триумфираше со Интер во Лигата на шампиони, тоа го направи на терен.

Големиот успех на македонскиот капитен падна во сенка на неговото “фиромизирање“ за време на преставувањето пред полуфиналниот меч против Барселона.

На социјалните мрежи по ваквиот потег владее огромна поделеност околу неговиот потег. Дел негодуваат, додека дел го оправдуваат ваквиот потег на капитенот Антиќ.

М.П.