Македонскиот интернационалец Перо Антиќ и неговата екипа Фенербахче во втората фаза од Евролигата повторно ќе ги одмерат силите со српскиот кошаркарски прак Црвена Ѕвезда.
„Црвено белите“ пласман во ТОП 16 екипите обезбедија по неверојатната победа во „Пионир“ против Баерн Минхен, а Фенер кој се наоѓа во истата група без проблеми го обезбеди првото место.
Друштво на Фенер и Црвена Ѕвезда во групата им прават Ефес Анадолу, Панатинаикос, Дарушафака, Локомотив Кјубан, Уникаха и Цедевита.
Појака и поквалитетна е втората група во која се наоѓаат ЦСКА Москва, Олимпијакос, Барселона, Бамберг, Реал Мадрид, Химки, Куча Лаборал и Жалгирис.
Мечевите од втората фаза во Евролигата започнуваат на 28/29 декември, а се игра кружен систем.
Ohridnews










