Македонскиот интернационалец Перо Антиќ и Фенербахче со триумф над Баерн Минхен 74-67 ја започнаа новата сезона во Евролигата.


Кошаркарите од Фенербахче во четвртата четвртина ги исправија сите грешки и аномалии во играта кои ги имаа во претходните три периоди.

Со серија од 13-1 гостите од Турција го презедоа водството и до крајот го претворија во триумф на стартот од новата европска авантура.

На официјалното деби Антиќ реализираше седум поени, а додаде уште шест скокови и една асистенција за нецели 24 минути минати на теренот.

Ohridnews