Ниту првиот ниту пак вториот натпревар против Катар кои се генерални проби  пред жешкиот август, не ја одразуваат реалната слика во нашата репрезентација. “Професионалците“ од Катар кои повеќе беа дојдени да се закачат  со некој отколку нешто да одиграат беа само добар противник кој ќе се победи за да се подгрее победничката атмосфера во црвено – жолтиот табор.


Четата на Докузовски ги совлада гостите и во вториот меч кои својата немоќ во финишот на мечот ја демонстираа во неколку наврати со неспортска игра.- Не ни требаат вакви контроли, проблемот е во тоа што се организирааат натпревари колку да се одигра , неквалитетни противници кои дошле овде без никаков мотив за игра и се иживуваат на теренот – рече капитенот Антиќ.


Не очекуваат  осум натпревари во 24 дена, капитенот  смета дека е подготвен да ја одведе Македонија втора година во низа на континеталниот собир, но оти во голема мера зависат од федерацијата.


– Во голема мера како ќе го поднесеме товарот за овие квалификации зависи од луѓето во федерацијата кои треба да обезбедат поедноставни авионски конекции до дестинациите. – истакна Антиќ.