Српскиот стручњак Драган Антиќ е нов тренер на охридскиот прволигаш. Антиќ кој на македонската јавност  и познат по неговиот ангажман во Милано, ќе се обиде да ги консолидира редовите на охридските“бели“. Охрид по пет кола собра само четири бода, по што од клубот се одлучија за нов предводник на “рибарите“.


– Екипата не ја познавам доволно, има доста млади фудбалери, кои се желни за работа,моја цел е да направам стабилен прволигаш овде во Охрид, мислам дека Охрид заслужува таков клуб. Добро ми е познат квалитетот на македонската прва лига. Има четири клуба кои отскокнувааt , Металург, Вардар, Работнички и Шкендија, додека со сите останати може да се бориме. Фудбалерите мора да бидат исплатени, ќе се обидеме тоа прашање да го решиме во периодот кој следува , да му помогнеме на клубот во овие тешки моменти тоа да се промени, и како што кажав Охрид да добие еден стабилен прволигаш.   – рече Антиќ кој викендов ги одработи првите тренизни со екипата.


Своето  деби на охридската клупа ќе го има против актуелниот првак Шкендија во Тетово, а потоа следува мечот со Металруг кој најверојатно охриѓани ќе го играат на неутрален терен.

До прва ќе се одлучува иднината на поранешниот тренер Здравко Цветаноски кој доста веројатно ќе му биде понудено да остане да работи во охридскиот прволигаш.

М.П.