Перо Антиќ со неговата екипа Олимпијакос ја одбраниja титулата во Евролигата победувајќи го Реал Мадрид со 100-88.

– Никој освен навивачите не веруваа нас дека имаме сили да ја одбраниме титулата. Но, ете ние успеавме во тоа. Многу сум среќен и незнам што да кажам сега – рече Антиќ по финалето.

Македонскиот репрезентативец беше творец на неверојатниот пресврт, кој го направија кошаркарите на Олимпијакос во втората четвртина откако по првата имаа негатива од 17 поени разлика.

Мх.П.