Македонскиот интернационалец Перо Антиќ и следната сезона ќе биде дел од тимот на Атланта, кој се натпреварува во најсилната светска кошаркарска лига (НБА).


Името на Антиќ се поврзуваше со трансфер во европските гиганти Реал Мадрид и Барселона, но тој преку својот официјален профил на социјалните мрежи отфрли такво нешто.

– Уште една одлична сезона во бележникот и што имав можност да бидам дел од оваа одлична група. Големо благодарам до градот Атланта и до навивачите на „јастребите“. Следната година одиме една скала погоре. Верен на Атланта. – напиша Антиќ.

Кошаркарот на „јастребите“ со пласман во конференциското финале ја заокружи втората сезона во елитното кошаркарско друштво.

Ohridnews