Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ најавил повлекување од “црвено-жолтиот“ дрес , пишува дневниот весник “Фокус“.


Според “Фокус“ Перо Антиќ, бил  разочаран од пишувањата на одредени македонски медиуми и од реакциите на фановите на социјалните мрежи откако во видео претставувањето на завршниот фајнлфор турнир од Евролигата, на кој триумфираше со тимот на Олимпијакос, изјави дека доаѓа од ФИРОМ.


Македонија во ФИБА е примена под привремената референца и тоа мора да се почитува од екипите, кошаркарите и од федерациите во сите натпреварувања. По освојувањето на европската круна Антиќ во соблекувалната се фотографираше заедно со својот соиграч, Гркот Василис Спанулис заедно со македонското знаме.

Потоа се појави видео во кое потенцира дека бил принуден да каже дека е од ФИРОМ, за на крајот да им порача да умрат на сите кои го критикувале за најавувањето на земјата со ФИРОМ.

“Фокус“ шпекулира дека Антиќ разговарал со претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Даниел Димевски, на кого му го пренел својот став.

Ohridnews