Поранешниот македонскиот репрезентативец Перо Антиќ по две години минати во НБА лигата ќе се врати во Европа и ќе потпише договор со турски Фенербахче.


Неколку медиуми во Европа ја преносеа информацијата дека Антиќ го избрал составот на Фенербахче кој од клупата го предводи „докторот по кошарка“ Жељко Обрадовиќ.

Антиќ минатите две сезони настапуваше во дресот на Атланта Хоукс и имаше забележителен учинок со екипата. Во втората тој заедно со екипата го срушија рекордот по победи во една сезона.

Пред да замине во НБА, Антиќ во Европа настапуваше за Олимпијакос и стигна до две титули во Евролигата, a Обрадовиќ во неговото име гледа искуство под обрачите што е неопходно за големи натпревари.

Ohridnews