Перо Антиќ после натпреварот меѓу Црвена Ѕвезда и Фенербахче во „Пионир“ кој му припадна на гостите со убедливи 23 разлика (88-65) имаше измешани емоции.
– Среќен и тажен сум во исто време. Никогаш во животот не сум играл против Црвена Ѕвезда, а за два месеци три пати ми се случи тоа. – рече на почетокот на Антиќ кој уфрли 12 поени и додаде. – Работиме доста напорно на тренинзите. Се запознавме уште подобро и се привикнуваме на новиот систем. Исто така заморот е против нас играме мечеви среда-сабота што во овој момент е многу исцрпувачки.
Од дел на трибините каде се сместени „црвено белите“ навивачи Антиќ беше мета на свирежи и погрдни зборови. – Не е убаво кога ќе слушнеш такви коментари од оние кои ги сакаш, но ги разбирам во целост. Атмосферата беше неверојатно. Кога се загрававме не се слушавме еден со друг и ме потсети на сезоната 2005/06. – додаде Антиќ.
Кошаркарите на Фенербахче против Ѕвезда поставија рекорд сезонава во Евролигата запишувајќи 46 успешни скокови во текот на целиот натпревар.
Ohridnews











