Македонскиот интернационалец Перо Антиќ имаше победничски стартот во дресот на Фенербахче откако тимот славеше против 62-59 против екипата на Дарушфака.


Антиќ во првиот официјален натпревар за својата нова екипа која е дел од турнирот „Задар Догуш Баскетбол“ во Хрватска запиша „дабл дабл“ учинок (10 поени и 13 скокови).

Во текот на мечот македонскиот кошаркар заработи повреда на коленото, но за среќа ништо не беше сериозно и се врати подоцна во игра.

Најпрецизен со 14 поени во тимот на „Фенер“ беше Удо додека Антиќ заедно со Мухамед уфрлија по десет кошеви.

Мх.П.