Охридскиот стратег Драган Антиќ, по суспензијата од два меча, доби дополнителен месец дена поради изјавите насочени кон судиската организација на ФФМ. Антиќ во изјава за “Македонски спорт“ со свој став за изречената суспензија .
– Оваа суспензија е срам за македонскиот фудбал. Дојдов да го подигнам нивото на фудбалот, а се соочувам со сопки. Како може некои тренери да минат само со опомена, а јас добивам казна што шутнав кофа, и тоа лут на мојот играч. Тоа е неверојатно. Фудбалот го водат луѓе кои се залутани во оваа професија – вели Драган Антиќ.
Охрид има успешни резултати во серија . Бодовите освоени во последните неколку кола ги донесе “белите“ на врвот на прволигашката табела. 
– Тоа им смета на сите. Од клуб кој требаше да се бори за опстанок, направивме да се бори за Европа. Очигледно некој не сака да бидеме таму. Охрид им ги замрси сметките на сите и затоа сега се плашат од нас и гледаат на секој начин да не застанат. Но јас не сум човек кој се предава и ќе одам до крај – истакна Антиќ.
Охрид во наредната рунда в сабота игра во Кратово против Силекс.
Ohridnews