Охридските фудбалери под палката на српскиот стратег Драган Антиќ се подготвуваат за петочниот меч против Тетекс, кој воедно ќе биде воведен во 13 рунда од макендонскиот шампионат. Тие, како што велат се изненадени од наводната смена на тренерот Драган Антиќ,  од страна на се уште актуелната управа која повеќе од месец  дена не е дојдена на тренинг, ниту пак организирала средба со фудбалерите да ги извести за актуелните случувања во клубот.


–    Жалосно е што луѓето кои не се појавени повеќе од месец дена на тренинг , да даваат изјави по медиумите за состојбите во клбуот. Повеќе од месец дена тие не се дојдени на тренинг, препуштени сме сами на себи и и самите се снаоѓаме како знаеме и умеме. Седум месеци оваа управа ни нема дадено денар, и одамна  крена раце од нас. Сите финасии во овај период ги покрива нашиот тренер и бизнисмеот Дејан Панделески , кај кого постои желба и интерес да инвестира во клубот – велат фудбалерите на Охрид.

Српскиот стратег Драган Антиќ во клубот дојде пед два месеци, успеа резултатски да го дигне и во последните седум меча претпре само еден пораз и тоа на гости кај Шкендија . Тој вели дека несогласувањата со Управата започнале откако не прифатил да игра по нивни ноти.

– Трагично е луѓето од управата на клубот што се обидуваат со изјави по медиумите да ме сменат, а немаат лице да се соочат со фудбалерите и со мене и да дојдат на тренинг да ни го соопштат тоа. Јас донекаде и го разбирам тој страв, бидејќи категорично ги одбив нивните шеми и не сакав да има нечесни работи во клубот. Од управата сметаа дека со моето доаѓање ќе може да манипулираат со резултатите, но јас не го прифатив тоа. Истите овие луѓе до лани беа дел од Управата на битолски Пелистер па видовте како и каде заврши клубот. – рече Драган Антиќ.

Ohridnews