Стратегот на охридските бели, Драган Антиќ по мечот со Шкендија рече дека победата на домашните била сосема заслужена, охриѓани пешки се движеле по теренот, а дека црвениот картон на Цуцули врз Далчеки бил неоправдан.


– Заслужена победа на Шкендија и им честитам за тоа. Поквалитетна екипа се од нас, а ние сме катастрофално неподготвени. Не знам кој тренер бил пред мене, и не сакам да навлагам во тоа, но екипата е во катастрофална физичка подготвеност. Работевме на тоа оваа седмица, но тоа не може да се исправи за краток периот, видовте и сами, во последните 30 минути моите фудбалери беа тотално исцрпени – изјави Драган Антиќ, тренер на Охрид.

Ohridnews