Антикорупциска денеска отвори предмет за возилата на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, информира телевизија Телма.

Од страна на комисијата ќе се истражува дали Мерко за сопствена корист ги набавил 4-те возила.

Станува збор за службеното Ауди А6 кое го набави општина Струга и со кое се вози градоначалникот Рамиз Мерко, за кое општината од буџетот издвои 66.700 евра. Општина Струга набави и уште една лимузина Шкода Октавија и две возила Шкода Рапид, за што вкупно издвои 114.000 евра.

Градоначалникот Мерко тврди дека тие биле неопходни за општината, бидејќи возниот парк бил стар, а возилата често им се расипувале на пат.

OhridNews