Запирање на постапките за вработување во администрациите на локално и централно ниво до изборите, побара Државната комисија за спречување на корупција.

„За зголемениот број огласи за вработување во администрациите, сметаме дека се работи за активности во контекст на претстојните локални избори. Затоа бараме да се запрат овие дејствија, се до одржувањето на изборите.“ – се вели во соопштението од Државната комисија за спречување на корупција.
Инаку, Агенцијата за вработување која соработува со комисијата, до локалните избори нема да врши пријавување на засновање работен однос во државните институции на локално и на централно ниво. Исклучок ќе има само доколку постои поединечно позитивно мислење од „антикорупциската“ комисија.
OhridNews












