
Антикорупциска соопшти дека службени одговорни лица во општината Дебрца во 2006 година сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба“ и донеле одлука и склучиле договор за давање на користење недвижен имот на општината и на државата.
Државната комисија за спречување на корупцијата информираше и за незаконско членување на државни службеници во повеќе од еден управен или надзорен одбор и побара истите да се откажат од дополнителните бенефиции.












