Охридскиот кошаркарски клуб и по осум одиграни натпревари не знае за победа во Втората АБА лига. Осмиот пораз охриѓани го претрпеа на гостувањето во Сплит од истоимениот состав (92-73) и останаа на последната позиција од табелата.

Поради повреди воопшто со охридската експедиција не отпатуваа Стево Глигоријевиќ и Слободан Михајлоски, додека бугарскиот интернационалец Станислас Цонков замина после спогодбено раскинување на договорот со „галебите“.

– Дадовме максимум иако игравме без три стандардни кошаркари. Ние сме млада екипа и за нас ова е големо искуство. Никогаш нема да се откажеме и на секој натпревар ќе одиме да се надигурваме. – изјави Антонио Донески. 

АВ Охрид статистички е рамо до рамо со противникот во односот на скоковите и асистенциите и шутевите за два поени, а далеку послаб имаат за три поени.

– Сплит беше поквалитетен тим и заслужено славеше. Останавме без тројца играчи и со ваков ростер не можам да им замерам на играчите. Одиграа добро. Рак-рана е нашиот шут за три поени, имавме 2 од 13. Тоа постојано ни се случува и тука треба да бараме решение. – додаде Петар Чочороски.

До следниот меч во Втората АБА лига со Босна Ројал, „галебите“ ќе ги одмерат силите со Работнички во Првата лига.

АБА: „Галебите“ конкуретни едно полувреме во Сплит

OhridNews