Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ после голема борба во пет сетови (6:3, 6:7 (1-7), 6:4, 4:6, 6:3) го елиминираше Жил Симон во 1/8 финалето од Австрлија Опен.


Ѓоковиќ и Симон одиграа меастрален натпревар кој траеше четири и пол часови, a Србинот дури во последните гемови од петтиот сет најде начин за разиграниот противник.

Рекетот број еден на дуелот со Французинот имаше 100 неизнудени грешки што е рекорд за Ѓоковиќ на гренд слем турнирите.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе се сретне со Кеи Нишикори кој во 1/8 финалето го совлада Жо Филфред Цонга во три сетови (6:4, 6:2, 6:4).

OhridNews