Продолжува „доопремувањето на апартманот“ со предмети пронајдени на дното на Охридското езеро. Членот на нуркачкиот клуб „Акватек“, Никола Паскали, деновиве, пронајде и мијалник на длабочина од пет метри во близина на Мостот на желбите.

Претходно, на дното на езерото беа пронајдени и када, бојлер, делови од правосмукалка и машина за перење, казанче за купатило.

OhridNews