Поранешниот припадник на полициските сили Игор Петрески кој живее во Кичево боледува од „Мултиплекс Склероза“, болест на нервниот систем која за жал прогресира и во моментов тој е во инвалидска количка. Потребна му е операција со матични клетки, која треба да се извр[и во Белград, Србија и чини 18.600 евра.
Фондот за Здравство не го покрива третманот со матични клетки бидејќи станува збор за алтернативно лекување. Останува на хуманите граѓани да помогнат на таткото на три малолетни деца да се обиде да го нормализира животот.
За таа цел отворени се телефонските линии: Т-Mobile: 143106 и VIP: 143600. Со секој повик донирате 100 денари. Или може да донирате на денарската жиро сметка: 250-0320004052 – 59 во Шпаркасе Банка на име Игор Петрески.
OhridNews