Апелацискиот суд во Скопје денеска ќе одржи јавна седница на која ќе бидат разгледувани жалбите по пресудата на лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, со која тој беше осуден на седум години затвор поради нелегално финансирање на изборна кампања.
Одбраната на Бошкоски има сериозни забелешки на постапката, особено на сведочењето на заштитениот сведок.
Љубе Бошкоски беше уапсен еден ден по завршувањето на Парламентарните избори под сомневање дека незаконски ја финансирал кампањата на Обединети за Македонија, а во акцијата за негово приведување полицијата кај него пронајде 100.000 евра.
OhridNews