Апелациониот суд во Битола ја потврди пресудата за струшките немири во 2004.  Второстепениоет суд, ја потврдил пресудата на струшкиот Првостепен суд, со која шестмина беа ослободени и триесет и осум осудени на условна парична казна.

Со пресудата една група стружани се казнети да платат по 18.000 денари условно, Втората група ја имаше истата пресуда, но условно ќе треба да платат по 12.000 денари, додека третата група од вкупно 38 осудени стружани ќе треба да платат условно по 6.000 денари.

Беа обвинети вкупно 44 стружани, меѓу кои има ракометари, цариници и компјутерски инженери. Од нив шестмина беа ослободени.

Осудените стружани тогаш поднесоа кривична пријава против Владо Бучковски, но пријавата прво беше отфрлена од струшкиот Основен суд, а потоа и од Апелацискиот суд во Битола.

Безредијата избија по повод тогашниот предлог-закон за територијална организација, со кој Струга стана општина со мнозинско албанско население.

Ohridnews