По барање на комунална инспекција, вработени од јавното претпријатие „Охридски комуналец“ го подигаа расфрланиот отпад кај шумата помеѓу двете патеки кои водат до саат кулата, каде што беше направена дива депонија.
Ангажирани беа 10 комунални работници и беа подигнати околу 10 метри кубни кабаст отпад, градежен шут, депонирани електрични апарати и 2 трактори зелен отпад.
Повторно се упатува апел до граѓаните да не создаваат диви депонии, туку да го депонираат отпадот на местата предвидени за тоа.
OhridNews













