Aлијансата за позитивна Македонија упати апел  до сите политичките актери, на претстојните избори да го избегнуваат користењето на говорот на омразата и ксенофобијата по политичка, етничка, релиогозна, родова или друга припадност.

-Политичките партии најверојатно поради недостиг на концепти за развој на Македонија во сите полиња, повторно се приклонија кон практикување на популизамот и говорот на омраза, со што сериозно се доведува во прашање позитивната предизборна атмосфера за фер и демократски избори.  Повторно слушаме разни обвинувања, стереотипизирања, повици за делби по етнички линии, повици за етнички бојкоти на изборите, обиди за шиканирање и слично, се вели во прес-соопштението на Алијансата за позитивна Македонија.

Од таму додаваат дека за разлика од другите, оваа партија  ветила дека ќе практикува позитивна кампања.

-Ајде на граѓаните и на гласачите да им понудиме да изберат концепти за иднината, решенија за  отворање на нови работни места, за развој на земјоделието, за спречување на иселувањето, за развој на толеранцијата и мултикултурното општество, за владеење на правото, за слободата на изразувањето и медиумите, како и за решенија за деблокирање на НАТО и ЕУ интеграциите, потенцираат од АПМ и нагласуваат дека кампањата треба биде политичко- витешка борба за концепти и идеологии.  

OhridNews