Надминување на бројката од 3,2 милиони ноќевања и плодна туристичка сезона се очекува годинава, најавуваат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Силен фокус вели директорот на Агенцијата, Љупчо Јаневски, се става на ребрендирање на дестинацијата, саемските манифестации заедно со туроператорите, нудење на различен сегмент на туристичка понуда.

Новата реалност во туростичката индустрија го покажа сосема поразличното лице и различните интереси на туристите во дестинацијата. Очекуваме од примарните и секундарните пазари да имаме помеѓу 20 и 40% раст, што ќе овозможи зголемување на бројот на туристи, а тоа се должи на уште поголемиот број интерес на туроператорите кои се кај нас, новите линии кои се воведуваат и за Охрид и за Скопје и новите пазари со коишто веќе имаме одлични авионски конекции. Се надеваме дека ќе имаме во 2023 година и поголем број кружни патувања во рамки на Отворениот Балкан, додава Јаневски.

Се прилагодиваме на промените, потенцира, но и создаваме нови вредности во туристичката идустрија токму кај нас со коишто веќе во светски рамки се разликуваме од останатите дестинации.

Ако говориме тоа се еко, гастро концептот, активните форми на туристичка понуда, културниот туризам, а дополнително очекуваме во 2023 годината туристите да креираат свои понуди и во самата дестинација, додава Јаневски.

Во насока на привлекување на што поголем број туристи и промотивните кампањи претставници од Агенцијата денес одржаа и средба со Туристичката организација на град Солун и Грчко-италијанска стопанска комора како партнери на ИПА проектот за меѓугранична соработка, Interreg-IPA.CBC- “Аbove“ во Охрид.

Во рамки на овој проект двете дестинации ги поврзуваме како една. За првпат двете страни на Саемот во Милано ја претставивме дестинацијата како една. Активни форми за туристичка понуда, дигитализација, мобилни апликации, виртуелни реланости се дел во коишто и Охрид со своите убавини се прикажува во светски рамки. И понатаму ќе се зборува за продлабочување на соработката во рамки на ИПА 3 меѓуграничните проекти на полето на туризмот, а се надеваме дека многу брзо по посетата на средните училишта кои го третираат туризмот ќе овозможиме уште поголема соработка со Еразмус+ проектите, потенцираше Јаневски.

Џорџ Палисидис од Грчко-италијанска стопанска комора истакна дека се задоволни што се дел од овој ИПА проект, а концептот е преку промоција на природните убавини на прекуграничната област да се привлечат што повеќе клиенти, туристи од светот и да им се даде можност да ги истражат овие места.

Пред македонскиот туристички сектор, денес исто така, тимот на вработени во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот АППТ-Струга, Комисијата за субвенционирање на странски организиран туристички промет ги презентираа и можностите за субвенционирање. Освен за начинот, видот и висината на субвенциите се одговараше на прашања за најчестите пропусти при доставување на потребната документација и поднесени барања.

Скоро 99% од исплаќањето на субвенциите се реализирани во 2022 година и веќе во 2023 година се иплатени околу 18 милиони денари со што очекуваме динамиката да продолжи во текот на целата година. Ова се одразува позитивно врз домашните и странските тур оператори како и врз сезоната 2023/24 којашто очекуваме да биде многу подобра за разлика од 2022 година, додаде Јаневски.

Н.С.Ј.