Во полициска акција приведени се неколку лица на повеќе локации низ Скопје за незаконска набавка на нафта, потврдуваат од МВР за Макфакс.
Акцијата е во тек и како што објаснуваат од полицијата, истрагата била спроведувана подолго време од страна на одделот на организиран криминал.
Според првичните информации, уапсените се товарат за злоупотреба при набавка на нафта во училиштата.
извор:„Макфакс“