Крадци украле 32 овци од штала во дебарското село Аме, јави дописникот на макфакс.

Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски, кражбата е извршена со насилно кршење на главната врата на шталата, каде биле чувани овците.

Во последно време на удар на крадците се сточарите од Дебар и дебарско. За краток период се украдени повеќе грла на добиток, но и поголеми количини на сирење.

OhridNews
извор:„Макфакс“