Почесниот претседател на ДПА, Арбен Џафери, се наоѓа во кома oткако вчеравечер претрпел мозочен удар. Тој бил префрлен на Клиниката за неврохирургија во Скопје, каде што лекарите се борат за неговиот живот.

Поранешниот претседател на ДПА повеќе години се лекува од Паркинсоновата болест и поради влошената здравствена состојба во 2007 година го напушти лидерското место во партијата, на кое дојде Мендух Тачи.

OhridNews
извор: Makfaks