Фудбалскиот арбитар Боби Медли од засега непознати причини стави точка на судењето и се повлече од Англиската судиска организација под чија надлежност се наоѓаат судиите, кои, се дел од мечевите во Премиер лигата.

Како што пренесува „Дејли Меил“, 32-годишниот арбитар во краткото соопштение до челниците на судиската организација напишал дека се повлекува од лични причини, без поголемо образложение.

Медли кој важеше за еден од најперспективните судии во Премиер лигата зад себе запиша 91 натпревар. Тој прв пат на терените во Премиер лигата се појави 2013 година.

Минатата сезона Медли ги судеше дерби средбите помеѓу Манчестер Јунајтед –  Челси и Ливерпул – Арсенал, а допрва требаше да следи неговото делење на правдата на меѓународните натпревари.

Повлекувањето на Медли не е прво во англискиот фудбал. Пред две сезони поради голем притисок со судење прекина Марк Клатенбург и замина да работи во Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија. Клатенбург го судеше финалето во ЛШ и финалето на Европското првенство во Франција.

OhridNews