Фудбалскиот клуб Барселона ги регистрираше Арда Туран и Алекс Видал, кои во летниот преоден рок пристигнаа на „Ноу Камп“, но поради суспензијата на ФИФА, каталонскиот клуб тие немаа право на настап во првиот дел од сезоната.
Заедно со новите засилување актуелниот Европски и Светски првак во сите категории регистрираше вкупно 77 фудбалери.
Од каталонскиот клуб открија дека Арда Туран ќе го носи бројот 7 на својот грб, кој до заминувањето во Челзи го носеше Педро, а во минатото го носеле Луис Фиго, Хенрик Ларсон и Давид Виља.
Видал го одбра бројот 22, кој го носеше и во Севилја, а минатата сезона овој број беше во сопственост на Дани Алвес, кој од почит кон Чави Ернандес, оваа сезона го носи бројот 6.
Засилувањата Туран и Видал би можеле да дебитираат за Барселона в среда, во натпреварот од домашниот Куп, против Еспањол.
Ohridnews











