Фудбалерот за врска во Атлетико Мадрид, Арда Туран од клубот побара да се активира клаузулата во договорот и да го стави на трансфер листата.


Откупната клаузула на турскиот репрезентативец изнесува 30 милиони евра, а прв желба за ангажман пројавил Манчестер Јунајтед.

Сепак, 27-годишниот фудбалер сам му се понудил на Челси, а во најбрз рок ќе се одлучи судбината на борбениот играч кој во 2011 година од Галатасарај се пресели во Атлетико.

Тој своето барање за трансфер го објасна дека тренерот Диего Симеоне бара премногу да трча и да прави работи кои не се својствени за фудбалери од средината на теренот.

Ohridnews